Екипата на Тотенхем очекува еден од своите најдобри фудбалери, Деле Али да се врати на зелениот терен за неделното градско дерби во Северен Лондон, кај Арсенал.

Деле Али се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а не беше ниту на клупата за резерви на последниот натпревар на Тотенхем.

Тотенхем забележа пораз против Њукасл, а наводно Деле Али не бил во составот бидејќи тренерот Маурицио Покетино сака да биде претпазлив во врска со неговото враќање.

Престојното дерби е исклучително важно и за двата тима имајќи го предвид тоа што и Арсенал и Тотенхем регистрираа порази за време на викендот, Тотенхем од Њукасл, а Арсенал од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.