Повеќе од 400 сопственици на сезонски билети на Челси ги оставија своите места на продажба за натпреварот со Вест Хем на 8 април, додека речиси 700 навивачи ги продаваат своите билети за натпреварот со Барнли на 22 април.

По разговори со други сопственици на сезонски билети, весникот Дејли меил јавува дека тие нема да ги продаваат своите места, но не планираат да дојдат на стадион.

Навивачите се надеваат дека нивната реакција ќе ја поттикне управат на клубот да размисли за останување на менаџерот Маурицио Сари на клупата на Челси.

„Сините“ во неделата загубија од Евертон со 0-2 и е на четвртото место на табелата, на осум натпревари пред крајот на шампионатот, со четири бодови помалку од третопласираниот Тотенхем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.