Поранешниот играч на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ е нов тренер на Црвена Ѕвезда. Тој во деведесеттите години играше за црвено-белите и сега има шанса да дебитира на клупата. Ова ќе биде негов прв ангажман во сениорска конкуренција. Досега беше тренер во младите категории на Интер каде настапува и неговиот син.

Досегашниот тренер Милојевиќ се повлече иако има уште шест месеци од договорот бидејќи нема веќе мотиви по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.