Најголемото засилување на Јувентус во летниот трансфер период, младиот стопер Матијас Де Лихт, во интервју за холандски „Телеграф“ потврдил дека нема вистина во пишувањата дека бил разочаран што не беше стартер на првиот сезонски меч за Јувентус во Серија А минатата недела. Тој вели дека многу добро знае што може да очекува од Јуве.

Пред да дојдам овде, имав долг разговор со Сари. Тој ми покажа што сака, но тој исто така ми рече дека првиот месец ќе биде голема промена за мене и нема да бидам стартер. Ова се однесува на секој дефанзивец кој работи со него. Забележав дека работите се подобруваат секој ден, станувам се подобар и посилен. Има толку многу натпревари и добро е што има пет одлични дефанзивци. Морам да се грижам за себе и да се прашувам секој ден дали сум направил се за да се подобрам, вели младиот Холанѓанец.

Вечерва Јувентус ќе го одигра дерби мочот со Наполи, а по повредата на Киелини, може да се очекува дека токму Де Лихт ќе се најде во стартниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.