Маурицио Сари вчера беше и официјално промовиран како нов тренер на Јувентус, настан кој предизвика реакции меѓу фановите на Наполи кои му посакаа се освен среќа на искусниот стручњак во новата авантура.

Со свој коментар се огласил и сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој едноставно не можел да остане покус.

Маурицио е добар тренер, видов навистина многу од него. Навистина не сум изненаден од овој потег, фудбалот веќе не е во тесна врска со фудбалски икони. Тој не освои ништо со нас, а може истото да се случи и во Јувентус. Искрено тој сега е наш лут ривал и посакувам да не освои ништо. Луѓето можат да прават што сакаат, но потоа мора да сносат одговорност. Никогаш не верував во неговата љубов кон Наполи, а времето докажа дека сум во право, истакнал Де Лаурентис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.