Италијанксите медиуми неделава веќе објавија дека трансферот на Елиф Елмас во Наполи е завршена работа, а договрената цена за која макдонскиот репрезентативец ќе се пресели во Неапол е 15 мил. евра. Сепак, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во својата последна изјава вели дека најпрво клубот ќе мора да продаде неколку играчи.

Навистина го следиме Елмас и имаме свртено огромно внимание кон него, не може да го негирам тоа. Но, во овој момент мора да ги комплетираме заминувањата на играчите во тимот. Имаме пренатрупаност во тимот, а тоа никогаш не е продуктивно. Во овој момент, наш приоритет е да продаваме. Имаме многу играчи во ростерот и мора да ја редуцираме групата, порача Де Лаурентис кој најави дека за промоција на Елмас на „Сан Паоло“ ќе се почека уште извесно време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.