Тоа што подолго време се најавуваше сега доби и дефинитивна потврда од прва рака, па дефинитивно можеме да кажеме дека нашиот бисер Елиф Елмас ќе се пресели во италијанскиот вицешампион Наполи.

Имено првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис кратко и јасно порача дека трансферот е на добар пат да се реалзира веќе оваа недела. На прашањето дали оваа недела би можел Марко Рог да го напушти Наполи а Елмас да дојде од Фенербахче, претседателот на клубот од „Сан Паоло“ одговори:

Тоа е точно, истакнал Аурелио кој запрашан пак за можноста зделка на Хамес Родригез од Реал Мадрид во свој стил порача:

Според мене, тие не сакаат да ни го дадат Хамес. Картите на маса постојано се менуваат. Подгответе се за жежок август на трансфер пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.