Ѕвездата на англискиот шампион Манчестер Сити, Давид Силва објави дека ќе ја одигра својата последна сезона на Островот. Шпанецот е на „Етихад“ од 2010 година, но по крајот на сезоната 2019/2020, најверојатно ќе се врати повторно во својата татковина.

Откако најави разделба со „граѓаните“ следната година, Силва прокоментира и кој ќе ја има тешката задача да го наследи во шампионскиот тим на Пеп Гвардиола.

Сигурен сум дека Фил Фоден ќе стане еден голем фудбалер. Тој е голем човек и ќе биде мојот наследник. Тој секогаш сака да победува и тоа му помага да се развива брзо. Кога си млад, секогаш ги прашуваш постарите за искуство. Сум му давал многу совети, како на пример како да се движи по теренот. Тој прифаќа совети и тоа се гледа во неговата игра. Ме потсетува на мене кога бев млад, особено како човек. Тој е многу тивок, но секогаш е на вистинското место. Тој мрази да губи. Најдобриот совет што можам да му го дадам е да остане смирен. Што и да се случува во неговата кариера, подеми и падови, секогаш да остане мирен, изјави Силва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.