Откако вчера се појавија информации дека големо македонско спортско име наводно останало без седум милиони евра влог во Еуростандард банка, која остана без лиценца и отиде во стечај, првата асоцијација на тврдењата на порталот „Експрес“, ама и на македонската јавност беше дека оштетениот е најдобриот фудбалер на Македонија во 20 век, Дарко Панчев.

Иако името на спортистот не е јавно објавено, асоцијацијата на јавноста е дека станува збор за Панчев, екипата на „Спорт1.мк“ контактирала со Панчев, а еве што тој им одговорил:

Најмногу ми е жал за оние мали луѓе кои ја хранеа својата празна душа со вакви дезинформации за на крај да бидат разочарани заради оваа невистина. Јас седум милиони евра во банка немам и не знам на кого му паѓаат вакви идеи и која е целта за вакви шпекулации. Исто така сочувствувам со сите оние оштетени граѓани кои настрадаа, со надеж дека нашите институции ќе најдат начин да им помогнат на овие луѓе“, вели Панчев, ексклузивно за Спорт1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.