Данскиот фудаблер Кристијан Ериксен, кој колабираше на среде терен на Европското првенство (ЕП) кое е во тек, првпат се појави во јавност.

На Ериксен му се слоши мечот против Финска во рамките од првото коло и итно беше пренесен во болница. Му беше направена операција и во моментов е во фаза на рехабилитација. Му беше вграден дефибрилатор, а во текот на месец јули тој ќе замине во Милано, на лекарски прегледи организирани од неговиот клуб, Интер. Не е исклучено, дефибрилаторот да му биде остранет и тој без проблем да ја продолжи неговата фудбалска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.