Репрезентацијата на Данска вечерва ја победи Чешка со 2:1 во четвртфиналето на Европското првенство 2020. За победничкиот тим погодија Дилејни во 5. и Долберг во 42. минута. Шик е стрелец на голот (49. минута) за Чесите.

Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за прв пат од 1992 година, кога го освоија турнирот. Оттогаш, тие не се пласираа на евро-шампионатите двапати (2008, 2016), беа елиминирани трипати во групната фаза (1996, 2000 и 2012 година) и еднаш стигнаа до четвртфиналето (2004 година).

Во полуфиналето, тимот на селекторот Каспер Јулманд ќе се сретне со победникот од вечерашниот дуел меѓу Англија и Украина.

Другата полуфинална двојка на ЕВРО 2020 ја сочинуваат Италија и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.