Tренерот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ по поразот од Унгарија (2-1) во квалификациите за ЕУРО 2020, изјави дека противниците на „коцкестите“ играат посебно мотивирани.

Според него, на следните натпревари тимот треба да одигра подобро.

Ние доминиравме во второто полувреме, создадовме шанси и се обидовме да извршиме притисок, но не успеавме да го избегнеме поразот. Треба да работиме понапорно и да се бориме на следните натпревари. Мора да бидеме поагресивни. Сите против нас даваат 200 проценти, бидејќи бевме финалисти на светското првенство, изјави Далиќ.

Хрватска по два натпревара во Е-групата има една победа и еден пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.