Килијан Мбапе сака титула во Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен и потоа трансфер во „голем клуб“, тврди поранешниот играч за врска на тимот и француски репрезентативец Јуриј Џоркаеф. 21-годишниот Мбапе беше предмет на шпекулации уште од неговата прва година во шампионите на Франција и се тврди дека Реал Мадрид и Ливерпул се меѓу фаворитите за неговиот потпис. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до летото 2022 година.

Џоркаеф ја коментираше ситуацијата за еден од најголемите форуми на париските навивачи – „Parisfans“.

– Мбапе секогаш ќе има опции пред него. Тој веќе не е перспективен играч, туку многу добар млад фудбалер. Не го гледам кај нас десет години. Тој е предодреден да освојува титули на сите континенти, и ова е нешто што многу Французи го направија пред него. Минатата година тој имаше можност да го подигне трофејот во Лигата на шампионите, но за жал не успеа. Сепак, овој прозорец сè уште не е затворен. Идеална опција е тој да го освои купот, а потоа да се пресели во голем клуб. Сите ќе бидат среќни, изјави легендата на францускиот фудбал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.