Предводникот на Интер, Антонио Конте ги сподели своите очекувања за дуелот со Борусија Менхенгладбах во 5. коло од Лигата на шампионите.

– Не чека средба со добра екипа, мора да се обидеме да го завршиме натпреварот со позитивни мисли. На почетокот на групата сè беше во наши раце, сега не е така. Зависи ме од други. Ова значи дека во одредени моменти нешто ни недостасуваше. Единствениот начин да се остане жив е да се победи. Нема да биде лесно, тие ја покажаа својата сила, но за нас ова е шанса да се навикнеме да играме решавачки натпревари, истакан Контe.

Натпреварот Борусија Менхенгладбах – Интер е закажан за вечер во 21 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.