Мухамер Пајазити, професор по евроинтеграции на ИСПЕ колеџот во Косово, во својата колумна под наслов

„Колку ја сакаат Албанците фудбалската репрезентација на Македонија“, која ја објавува информативната агенција ИНА, како свој одговор на прашањето во насловот изнесува тврдење дека „мнозинството од македонските Албанци немаат чувства кон фудбалската репрезентација на Македонија, која настапува на европското фудбалско првенство“

Во недела националната репрезентација на Македонија за првпат ќе настапи на едноевропско првенство. Во репрезентацијата играат и неколку талентирани Албанци и тие се речиси најзаслужни за квалификувањето наземјата на едно толку важно меѓународно натпреварување. Наспроти овој факт, Албанците повторно имаат измешани
чувства, некои политичари се камуфлираат давајќи максимална поддршка, за да изгледаат современи и лојални кондржавата, но мнозинството Албанци не го проголтуваат лесно овој залак.“ – пишува Пајазити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.