Барселона сака да го види првиот човек на Ливерпул Јирген Клоп како главен тренер, објави „Sport.es“. Во каталонскиот клуб се уверени дека актуелниот нивни тренер, Роналд Куман, следната година ќе го напушти тимот.

Меѓу кандидатите за негова замена е и екс-фудбалерот на Барса, Чави.

Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува и за кандидатурата на Томас Тухел, кој моментално работи во Челзи, но оваа опција е малку веројатна.

По девет кола од Ла Лига, Барселона со 15 бодови го зазема 9. место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.