Авионот на Емилијано Сала вчера беше пронајден на дното на водите во англискиот канал, но тој се уште е таму, а човекот кој го пронајде Дејвид Мернс се плаши и дека истиот таму ќе остане.

Дејвид Мернс е човекот кој ја предводеше новата истрага на Сала со собраните средства после фудбалската иницијатива. Тој е загрижен и се сомнева во желбата на службите да помогнат.

Загрижен сум затоа што властите не ни се приклучија веднаш, туку ние почнавме, па тие се приклучија. Ги разбирам дека имаат приоритети кои се поразлични од оние на семејството. Меѓутоа мислам дека сега не треба да им биде време за одмор, изјави Мернс.

Потоа додаде дека семејствата сакаат што побрзо да биде извлечен авионот со цел да се открие идентитетот на телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.