Денес и официјално беше извршена купопроражбата на акциите на ФК Пелисер од Битола. Фирмата „Спорт Бит“ е нов сопственик на 75 отсто од акциите на клубот, а како и што им беше ветено, навивачката група Чкембари сега е сопственик на 10 отсто од акциите.

Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денес да соопштам дека фирмата „Спорт Бит“ е новиот сопственик на 75% од акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер. Со ова се исполнува ветувањето за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денес им се исплатени заостанати плати. Во брза иднина ќе се формира нова управувачка структура на ФК Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. За првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група „Чкембари“ денес официјално ги добива ветените 10% од акциите. Со ова гласот на „Чкембарите“ ќе се слуша и во управувањето на клубот, рече Пеце Коруновски, директор на ФК Пелистер по завршувњето на сите правни работи околи купопродажбата на акциите на клубот и по потпишувањето на договорот со Чкембари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.