Шестмина загинати во авионска несреќа што денеска се случи во Бразил. На лице место загинаа пилотот, четворица фудбалери од Палмас, како и претседателот на клубот.

Несреќата се случила веднаш по полетување кога засега од непознати причини авионот се срушил.

Во падот на авионот кој ги пренесуваше фудбалерите на овој клуб на натпревар што требаше да се игра в понеделник, загинаа четворица фудбалери, Лукас Пракседеш, Гијермо Ноа, Рануле и Маркус Молинари, претседателот на клубот Лукас Меира и пилотот.

Веста за падот на авионот и смртта на патниците ја потврди и самиот клуб, а сочувство изразија сите бразилски екипи, меу кои беше и Вила Нора, против која фудбалерите на Палмас требаше да играат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.