Челси во финалето на Лига Европа нема да може да смета на Рубен Лофтус-Чик, кој се повреди на пријателски натпревар. „Сините“ од Лондон по завршувањето на сезоната во Премиер лигата заминаа за САД каде одиграа пријателски натпревар против Њу Ингланд Револушн, но на крајот останаа без својот играч за врска.

Лофтус-Чик во еден момент се пожалил на болка во ногата, а подоцна се утврдило дека станува збор за повреда на Ахиловата пета, поради која фудбалерот го напуштил стадионот со патерици и заштитна чизма. Лекарите утврдиле дека настапот во финалето на Лига Европа за Лофтус-Чик е невозможен, и дека ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Интересен е податокот дека со иста повреда пред неколку недели се здоби уште еден фудбалер на Челси, Калум Хадсон-Одои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.