Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар би можел следното лето да се пресели во Челси, пренесува шпански „Ел Десмарк“. Клубот од Лондон има намера да испрати богата понуда и до клубот и до фудбалерот.

По истекот на забраната за трансфера, Челзи ќе му понуди 300 милиони евра на ПСЖ, додека на играчот ќе му биде понуден договор со плата од 42 милиони евра годишно, што ќе го направи најплатен фудбалер на светот.

Во изминатиот трансфер период Бразилецот имаше желба да го напушти ПСЖ. Барселона и Реал беа активно заинтересирани за него, но на крајот тој остана во Париз.

На три натпревари оваа сезона, Нејмар има постигнато два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.