Челси го совлада Ајакс во Амстердам со 0-1 и бодовно се израмни со ланскиот полуфиналист во Лигата на шампиони во групата Х. Погодокот за втора победа во низа на лондонските „сини“ беше дело на Миши Бачуаји во 86-та минута по додавање на Кристијан Пулишиќ.

Во вториот меч од 18.55 часот, Лајпциг славеше над Зенит со 2-1 во меч од третото коло во групата Г. Рускиот тим поведе преку Јарослав Ракицки во првото полувреме за бундеслигашот да направи пресврт во вториот дел со головите на Конрад Лајмер во 49-та минута и волејот на Марсел Сабицер во 59-та минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.