Лондонските фудбалски гиганти Челси и Арсенал синоќа обезбедија пасман во финалето на Лига Европа кое е закажано за на 29 мај во Баку. „Топџиите“ вчера беа убедливи на реванш дуелот на гости кај Валенсија и по втор пат го совладаа противникот, овој пат со 2-4 и со вкупен резултат од 7-3 си обезбедија место во финалето.

Шпанците рано го отворија резултатот преку Гамеиро, за Абумејанг да израмни само 5 минути подоцна. Лаказет зголеми на 1-2 во 50. минута, за повторно Гамеиро да го израмни резултатот. Победата на „топџиите“ им ја донесе Абумејанг кој со уште два гола до крајот на мечот го комплетираше својот хет-трик.

Челси пак имаше многу потешка задача на домашен терен и дури по изведувањето на пеналите успеја да го елиминира Ајнтрахт Франкфур. Двата натпревари завршија со резултат 1-1, а по одиграните продолженија во кои Германците имаа две одлични шанси да го решат натпреварот, голманот на Челси со две успешни одбрани во пенал серијата ги одведе „сините“ во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.