Тренерот на Барселона, Чави ја гледа титулата во шпанската Ла Лига како поважна за освојување, отколку трофејот во Лигата на шампионите.

 Мислам дека е потешко да се освои Лигата на шампионите. Поприродно е да се победи во домашното првенство. Во Ла Лига има повеќе шанси да се поправиш ако некаде си направил кикс. Во Лигата на шампионите не секогаш победува најсилниот. Таму деталите предничат. Успехот во Ла Лига е поприроден – изјави Чави.

Каталонците вечерва од 21 часот ќе му гостуваат на Интер во 3. коло од Лигата на шампионите.

По две кола во Ц-групата, лидер е Баерн Минхен со шест бодови, Барселона и Интер имаат по три, последна е Викторија Плзењ без освоен бод.

Италијанските медиуми лиферуваа информација дека вечерашниот дуел е последна шанса за тренерот на Интер, Симоне Инзаги, кој се наоѓа пред отказ по слабите игри на „нероазурите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.