Реал Мадрид заостанува цели 15 поени од лидерот Барселона и веќе одамна е јасно дека нема да стигне до титулата, но и покрај тоа тренерот Зинедин Зидан си поставил за задача да победи на сите 10 средби во Ла Лига до крајот, пишува „АС“.

Францускиот стратег веќе докажа дека може да го постигне тоа, откако во пролетта 2016 година беше сто-процентен во 10-те натпревари до крајот на таа сезона во најсиланта шпанска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.