бугарските медиуми потенцираат дека во Скопје е мирно на 4-5 часа пред стартот на балканското дерби меѓу Македонија и Бугарија и дека воопшто нема фудбалска атмосфера каква што се очекува за фудбалски дуел на два соседа.

Веројатно тоа е и поради разочарувачкиот настап и на двете селекции, кои немаат шанси за првото место, кое на едно коло до крајот веќе го освои Грузија.

„Важно е да се победи во Скопје, бидејќи во таков случај Бугарија ќе биде во четвртиот шешир за ждрепката на 9 октомври за квалификациските групи за ЕП 2024.

Кај домаќините изгледа спласна еуфоријата од добрите резултати во последно време. Играа на последното европско првенство и финален бараж за настап на Мундијалот во Катар, но сега ја немаат истата атмосфера. Во Скопје нема ниту еден знак, информација, сигнал дека вечерва од 20.45 часот ќе играат Македонија и Бугарија. Голем дел од граѓаните дури и не знаат ниту дека се игра мечот, ниту кога почнува“, пишува „Спортал.бг“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.