Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон вели дека фактот што никогаш не ја освоил Лигата на шампионите има голема влијание на неговата кариера.

Ова е голем поттик за мене. Благодарен сум на судбината што сè уште не ја освоив Лигата на шампионите, инаку би се прашувал зошто сè уште играм. Сакам да се борам повторно на овој турнир. Не постои сигурност дека ќе играм барем на еден натпревар во Лигата на шампионите, за ова не разговаравме. Играм само кога тренерот смета дека е потребно, изјави Буфон.

Легендарниот италијански голман настапи за Јувентус три пати во финалето на елитното натпреварување, но ниту еднаш не успеја да стигне до престижниот трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.