Бразилската фудбалска репрезентација ја забележа седмата последователна победа во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2022 во Катар и го задржа лидерското место во групата со максимален ефект.

Петкратниот светски првак синоќа го совлада Чиле на гостински терен со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Евертон Рибеиро во 64 минута.

Аргентина беше поуспешна од Венецуела со 3-1 (Лаутаро Мартинез 45, Жоаким Кореа 71, Анхел Кореа 74 – Џеферсон Сотелдо 90+4)) и остана второпласирана со шест бодови зад Бразил.

Во преостанатите три натпревари од јужноамериканските квалификации, Еквадор го победи Парагвај (2-0), додека Боливија и Колумбија, и Перу против Уругвај одиграа нерешено 1-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.