Домаќинот Бразил е првиот полу-финалист на годинашната Копа Америка. Бразилците дури по изведувањето на пенали успеаја да го скршат Парагвај, а натпреварот во неговиот регуларен дел и по продолженијата заврши без голови.

Бразилците се намачија со жилавите Парагвајци, а не успеаја да ја искористат ниту предноста од играч повеќе. Парагвај од 59 минута играше без исклучениот Балбуена. Претходно судијата долго време ја консултираше ВАР-технологијата и го поништи пеналот кој беше досуден за Бразил.

Алисон Бекер во првата серија му го одбрани пеналот на Гомез. Потоа погодија Вилијан, Маркињос и Кутињо за Бразил, а на спротивната страна прецизни беа Алмирон, Валдес и Рохас.

Во претпоследната серија Фирмино го промаши голот, а во петтата серија со иста мерка му врати Парагваецот Гонсалаес. Последниот пенал за Бразил го реализираше Габриел Жесус.

Бразил во полу-финалето ќе игра против Аргентина или Венецуела, меч кој се игра вечерва од 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.