Во 14-то коло на германското фудбалско првенство, Борусија Менхенгладбах попладнево на домашен терен со 3-0 го победи Шутгарт, со што се врати на второто место со седум бодови помалку од водечката Борусија Дортмунд.

Головите за Борусија Менгхенгладбах ги постигнаа Рафаел во 69., Флориан Неухаус во 77 минута, а третиот погодок, односно автогол, го постигна гостинскиот играч Бенжамин Павард во 84 минута. Така Штутгарт остана во зоната за испаѓање, на 16-то место со 11 бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.