Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд очекува загуби од 70 до 75 милиони евра оваа сезона, откако клубот ќе бидe уште попогоден од коронавирусот отколку минатата сезона, изјавија од вицешампионот.

Дортмунд во својот последен финансиски извештај објави дека планирањето на буџетот за сезоната е многу комплицирано поради намалените приходи од трансфери и ограничувањата од здравствените власти.

Клубот потенцира дека недостатокот на навивачи влијае најлошо на клубот. Капацитетот на „Сигнал Идуна Парк“ е 81 илјади луѓе, но во моментов се дозволени само 11.500.

Минатата сезона, која заврши зад затворени врати, Борусија Дортмунд објави загуби од 43,9 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.