Европската фудбалска федерација (УЕФА) го намали наградниот фонд за овогодишното ЕУРО 2020, што почнува идната недела, од 371 на 331 милиони евра, но и покрај тоа претстојното Европско првенство ќе има рекорден фонд за награди.

Досегашниот рекорд изнесуваше 301 милиони евра, колку што поделија 24 учесници на ЕУРО 2016 во Франција.

Сите учесници на ЕУРО 2020, вклучувајќи ја и македонската репрезентација, ќе инкасираат загарантирани 9.25 милиони евра, додека учесниците во осминафиналето ќе заработат дополнителни 1.5 милиони евра, место првично предвидените два милиони евра.

Пласманот во четврт-финалето вреди 2.5 милиони евра, полуфиналето четири милиони евра, додека финалистите ќе инкасираат дополнителни пет милиони евра. Европскиот шампион ќе добие дополнителни осум милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.