Бескомпромисниот борец Бобан Николов се враќа во комбинација за последниот меч на Макеоднија во овој септемвриски циклус, откако ги прескокна овие два поради тоа што не беше ни во тренажен процес, а пред собирот излезе и од изолација поради ковид-19.

Николов беше првотимец и кога Милевски ја водеше младата селекција, беше неизоставен дел и во периодот на најголеми успеси на А-тимот, па за пресметката со Романците, новиот селектор најавува негово враќање, зашто во средниот ред и тоа како е потребен голем борец кој не се штеди на ниту еден меч.

„Николов беше под посебен режим и беше поштеден на овие два меча, зашто касно дојде во Шериф, па потоа излезе од изолација за да ѝ се стави на располагање на репрезентацијата, па сега е на завидно физичко ниво и сега ќе биде во конкуренција за следниот меч“, ситакна Милевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.