Дефанзивецот Џером Боатенг и играчот од средниот ред Кингсли Коман ќе закрепнат навреме за натпреварот Баерн – Барселона, пренесува „Марка“.

Според изворот, Боатенг, кој се повреди на вториот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи (3:1), сега тренира според индивидуалната програма, но ќе има време да се врати во тимот  за мечот со Каталонците.

Коман ја пропушти средбата со Челзи поради проблеми со мускулите, но во понеделникот веќе тренираше во општата група.

За дефанзивецот Бенјамин Павар се вели дека ќе остане во Минхен закрепнувајќи од повредата на глуждот, но ќе може да се приклучи на тимот доколку Баерн ја совлада Барселона и се пласира во полуфиналето.

Натпреварот Барселона – Баерн е закажан за 14 август во Лисабон со почеток во 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.