Шкотскиот весник „Национал“ објави предлог до британскипт ремиер, Борис Џонсон, селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на Шкотска.

Причина за таквиот предлог е тоа што италијанската репрезентација, предводена од Манчини ја совлада Англија во финалето на ЕВРО 2020 (1:1, на пенали – 3:2).

Направете го Роберто Брус – почесен граѓанин на Шкотска – стои во повикот на весникот.

Роберт први Брус бил крал на Шкотска, организатор на одбраната на земјата во почетниот период на Војната за независност против Англија.

Ги повикуваме читателите на „Национал“ да придонесат за наградата на Манчини за услугите што ги направи за Шкотска – се вели во објавата на весникот на Твитер.

На 10 јули, ова издание го претстави Манчини како херој на „Храброто срце“ алудирајќи на истоимениот филм во кој се раскажува за борбата на Шкотска за независност против доминацијата на Англија.

Страницата на весникот беше придружена со текстот:

Спаси не Роберто, ти си нашата последна надеж. Не можеме да ги издржиме да зборуваат за тоа уште 55 години.

Во неделата Италија по втор пат стана европски шампион, додека Англичаните кои се подготвуваа за големо славје на „Вембли“ во Лондон, не успеаја за прв пат да го освојат трофејот на едно Европско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.