Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите ставови за влијанието на поранешниот напаѓач Лионел Меси врз тимот.

– Меси засени се во Барселона. Тој ги покри сите проблеми на клубот со неговиот квалитет на игра и ефикасност. Беше толку добар, победуваше. Се разбира, секогаш имаше добри играчи околу Лионел, но тој имаше лидерска улога. Наспроти него, сите изгледаат полошо. Ова не е критика, ова е констатација. Пред да се приклучам на Барселона, знаев дека Меси е добар, но да го гледам секој ден беше вистинско задоволство. Тој секогаш беше ефикасен, без непотребни движења, истакна Куман.

Меси ја напушти Барселона во летниот преоден рок откако му истече договорот со каталонскиот клуб. Неколку дена подоцна, Аргентинецот се пресели во ПСЖ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.