Вардар пред неколку денови објави дека имаат соработка во турскиот великан Бешикташ.

„Шефот на скаутинг службата на фудбалскиот гигант од Турција Бешикташ Бајрам Билим го посети ФК Вардар и оствари средба со раководството на клубот, на која се договори долгогодишна соработка помеѓу двата клуба“, стои во објавата на Вардар

Од Истанбул синоќа ја демантираа оваа соработка.

„Веста во медиумите дека е потпишан договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Љубезно ги молиме нашите фанови да не веруваат во таквите вести“, велат од турскиот првак.

Но денеска од Бешикташ пристигна ново соопштение.

„Бајрам Билим, главниот скаут на нашиот тим го посети клубот Вардар, еден од македонските клубови. Билим разговараше и размени искуство со раководството за време на посетата, гледаше еден тренинг на првиот тим на Вардар, откако претходно го разгледа тренинг кампот на клубот“, објавија денеска од Бешикташ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.