Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески е незадоволен од начинот на кој се добива „билет“ за Светските првенства.

Фактот што не сме во Катар ме боли затоа што заслужуваме да бидеме таму. Четирите победници на континентални турнири треба да одат на Светското првенство автоматски. Јас сум европски шампион и никогаш не сум играл на Светско првенство – ова е апсурдно“, изјави играчот на Торонто во интервју за „La Gazzetta dello Sport“.

Италијанците го пропуштаат второто Светско првенство во низа. Во плејофот годинава загубија од македонската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.