Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони им кажа на „росонерите“ што да направат за да се вратат на старите патеки.

Што треба за Милан да се врати на своето поранешно величество? Сè е многу едноставно: треба да го вратите Силвио Берлускони. Мојата Монца би го победила денешниот Милан со резултат 3-0, изјави Берлускони.

Тој реагираше на зборовите на сегашниот извршен директор, Иван Газидис дека ако не беше доаѓањето на Менаџмент Елиот, росонерите ќе банкротирале и ќе завршеа во Серија Д.

Газидис не треба да го каже тоа. И, ако му е тоа неопходно да го стори, тој треба да оди во тоалет, да ја затвори вратата и оваа глупост да ја каже таму, вели Берлускони за „Газета дело Спорт“.

Сега Берлускони е сопственик на клубот Монца, кој води во Серија Ц, додека Милан е на 13. место во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.