Неколку денови по финалето во Лигата на шампионите, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одбра најдобрите 11 фудбалери во најсилното клупско натпреварување во Европа за оваа сезона која заврши со триумф на Реал Мадрид над Ливерпул со 1-0.

Напаѓачот на „кралскиот клуб“ и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 15 голови, Карим бензема е прогласен за најдобар фудбалер во натпреварувањето.

Неговиот партнер од нападот, Винисиус жуниор, го доби признанието за најдобар млад фудбалер.

Тие двајца се најдоа и во идеалниот тим, каде штои друштво им прават уште двајца нивни соиграчи, Тибо Куртоа и Лука Модриќ.

Покрај Реал Мадрид, во идеалниот тим има четворица фудбалери и од финалистот Ливерпул, како и по еден од Манчестер сити, Челзи и ПСЖ.

Идеалниот тим во Лигата на шампиони во сезоната 2021/22 во избор на УЕФА (4-3-3):

Голман: Тибо Куртоа (Реал Мадрид)

Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Антонио Рудигер (Челзи), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Енди Робертсон (Ливерпул)

Среден Ред: Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Фабињо (Ливерпул), Лука Модриќ (Реал Мадрид)

Напад: Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Винисиус (Реал Мадрид)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.