Напаѓачот на Франција и Реал Мадрид, Карим Бензема им се заблагодари на навивачите за поддршката по ЕУРО 2020.

Би сакал да го видам нашиот тим на врвот. Благодарам на навивачите што секогаш веруваа во нас. Неуспехот и тешкотијата нè поттикнуваат да се обидеме да се надминеме себеси. Ова е само одмор, ќе се вратиме посилни.

 

Им благодарам и на моите соиграчи, тренери и цела Франција што реагираа толку топло на моето враќање – напиша Бензема на Инстаграм.

Триесет и тригодишниот фудбалер не играше за националниот тим скоро шест години, а беше вратен непосредно пред почетокот на Европското првенство. Во 2015 година, Бензема беше отстранет од националниот тим по скандал со Матје Валбуена, кој беше уцена со интимно видео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.