Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос се обрати кон својот поранешен соиграч Герет Бејл, кој стави крај на фудбалската кариера.

Фудбалерите играа заедно за Реал Мадрид од 2013 до 2021 година. Заедно трипати го освоија шпанското првенство, Купот и Суперкупот на земјата, а пет пати ја освоија и Лигата на шампионите.

– Герет, ми беше радост да споделам толку одлични моменти со тебе… Зад себе остави толку многу титули, голови и радосни моменти. Ти посакувам се најдобро во новата фаза од твојот живот, напиша Рамос на социјалната мрежа.

Триесет и тригодишниот Велшанец на 9 јануари објави дека се пензионира. Последен клуб на Бејл беше американскиот Лос Анџелес, а играше и за тимови како Саутемптон и Тотенхем



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.