Играчот за врска на Реал Мадрид, Герет Бејл размислува да ја заврши својата кариера. Триесет и едногодишниот Велшанец планира да се врати во Реал од каде беше испратен на позајмица во Тотенхем. Бејл сака следната сезона да ја помине во Реал Мадрид.

По завршувањето на 2021/22, Бејл може да стави крај на својата фудбалска кариера, пренесува „Ас“. Крилниот напаѓач сега е целосно фокусиран на подготовки за Евро 2020.

На 19 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Бејл постигна девет гола и направи две асистенции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.