Велшкиот фудбалер Герет Бејл, се појави на тренинг на репрезентацијата на својата земја, беше насмеан и тренираше нормално, но тоа не е во согласност со тврдењата на Реал Мадрид дека е повреден.

Бејл веќе извесен период го нема во составот на „кралскиот клуб“, ниту игра ниту тренира затоа што имал повреда, здобиена на средбата на Велс со Хрватска. Од клубот не објавија соопштение за здравствената состојба на фудбалерот, што беше чудно. Сега дефинитивно има доказ дека нешто се крие.

Бејл неодамна со дозвола на Реал замина во Лондон, а дали ќе биде продаден уште во јануарскиот преоден рок, останува да се види. Се чини дека тешко оти Бејл повторно ќе заигра за Реал, иако до пред „повредата“ имаше неколку забележителни настапи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.