Реал Мадрид синоќа потешко од очекуваното победи на гостувањето кај Леванте со 1-2, а „кралевите“ двата гола ги постигнаа од белата точка. Вториот пенал предизвика реакции во јавноста и многумина го оценија како непостоечки, но сдијата сепак досуди најстрога казна по еден сомнителен старт над Каземиро.

Одговорноста ја превзеде Бејл кој постигна гол, а потоа се упати кон центарот на игралиштето без да го прослави погодокот. Останатите соиграчи сакаа да му честитаат и да го прослават погодокот, но Велшанецот одби и дури го оттурна од себе Лукас Васкес кој се обиде да го прегрне.

Шпанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат за причините за ваквото однесување на Бејл, а според нив ова е јасна порака кон раководството на клубот дека тој не е среќен во Реал. Според „Ас“, тој е во војна со целиот тим на Реал Мадрид, особено откако Марсело и Куртоа во јавноста изнесоа детали од неговиот приватен живот, откривајќи дека во сите овие години не научил шпански јазик и дека воопшто не се дружи со било кој соиграч од „кралскиот клуб“. На последната тимска вечера организирана од неколку фудбалери на Реал не биле присутни само Крос (морал од приватни причини да замине за Германија) и Бејл, кој наводно им соопштил на соиграчите дека мора порано да си легне во кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.