Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл зборуваше за настапите на Тотенхем во Лигата на шампиони во 2018/19 година.

– Сите сакаа да го гледат финалето во Лигата на шампионите. Тотенхем беше таму, па очигледно и јас бев многу заинтересиран. Се надевав дека ќе стигнат до финалето, како што се покажа на крајот. Имаа одлични натпревари на патот до финалето, особено во полуфиналето со Ајакс. За нас навивачите на Тотенхем, беше разочарување поразот од Ливерпул во дуелот за трофејот. Треба да ја погледнете големата слика. Тие имаа одличен турнир и работеа добро, истакна Бејл.

За потсетување, Велшанецот играше за „спарс“ во периодот од 2007 до 2013 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.