Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу, признава дека каталонскиот гигант веќе се подготвуваат за живот без својата жива легенда, Лионел Меси.

Ние не можеме вечно да сметаме на Лео. Знам дека еден ден тој ќе престане да игра. Очекувам тоа да биде за 4-5 години и сакам да го подготвам клубот за иднината по Меси, изјавил Бартомеу.

Начинот на кој се подготвуваме за периодот по Меси е ангажирње млади таленти – Дембеле, Кутињо… Треба да продолжиме да ја следиме таа линија на совршенство и успеси. Мојот мандат завршува по две години и сакам Барселона да е подготвена за иднината, за да има уште повеќе навивачи, уште повеќе приходи и уште повеќе проекти, додал шефот на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.