Претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу, кажа уште колку ќе игра Лионел Меси во каталанскиот клуб.

Аргентинецот е ученик на фудбалската академија на Барселона, а член е на првиот тим уште од 17 години.

Нема сомнение дека Меси е сè уште млад, сè уште силен. Тој сè уште е амбициозен. Се разбира, ако Лео се чувствува силно, сите ќе сакаат да го продолжат договорот со него на неопределено време. Така, Меси ќе игра две, три, четири или пет години. Не се сомневам во тоа. Откако Лео ќе ја заврши својата играчка кариера, тој ќе остане поврзан со Барселона до крајот на животот, изјави Бартомеу.

Оваа сезона Меси има настапено на седум натпревари во шампионатот на Шпанија, на кои постигна осум гола и направи четири асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.