Шпанскиот шампион Барселона повеќе не е заинтересиран за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Раководството на каталонскиот клуб верува дека пропаднатиот трансфер минатото лето беше единствената шанса за Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.

Според „Марка“, трансферот на Гризман може да ја чини Барселона од 120 до 200 милиони евра, што се смета за превисока сума. Според изворот, главната цел на каталонскиот клуб во моментов е 21-годишниот напаѓач на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, вчера отпатувал во Лисабон на квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 меѓу Србија и Португалија, на кој Јовиќ немаше никаква минутажа.

Потенцијалниот трансфер на Јовиќ се проценува на 60 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.