Барселона го потврди трансферот на Сержињо Дест од Ајакс. За десниот дефанзивец ќе бидат исплатени 21 милиони евра плус уште 5 милиони доколку се исполнети одредени услови. Неговиот договор е на пет сезони, а неговата откупна клаузула е утврдена на 400 милиони евра.

Деветнаесет-годишниот бек имаше понуда и од Баерн (Минхен). Дест дури ја посети „Алијанц Арената“ и се согласи на трансфер, но откако доби понуда од Барса, се предомисли. На „Камп Ноу“ тој го зазеде местото на Нелсон Семедо, кој беше продаден на Вулверхемптон, па дури и му го зеде бројот 2.

Младиот човек е роден во Холандија од мајка Холанѓанка и татко Американец. Тој игра за репрезентацијата на САД.

Ова е петти нов играч кој доаѓа во Барса. Останатите се Миралем Пјаниќ, Тринкао, Матеус Фернандез и Педри

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.